Тил Линдеман / Фото: EPA

Започната истрага против фронтменот на „Рамштајн“: Неколку жени тврдат дека биле регрутирани за секс со него

Германската полиција отвори истрага против пејачот на германската метал група „Рамштајн“, за серија наводни сексуални вознемирувања, пишува „Би-би-си“.

Неколку жени излегоа со сведоштва дека 60-годишниот Тил Линдеман ги врбувал за секс по концертите на „Рамштајн“.

Една од нив е и Шелби Лин од Северна Ирска, која верува дека ѝ била ставена дрога во пијачката и дека била „подготвувана“ на секс.

Пејачот ги отфрли сите обвинувања, а неговите адвокати велат дека тие се „без исклучок, неточни“.

„Започнати се подготвителни дејствија за истрагата против Тил Линдман, врз основа на обвиненија за сексуално насилство и трговија со дрога“, изјави портпаролот на јавниот обвинител во Берлин.

Полицијата соопшти дека самоиницијативно отворила истрага, но и врз основа на неколку кривични пријави поднесени од трети лица, кои не биле директно вмешани во инцидентите.

Дваесет и четиригодишната Шелби Лин ги искажа своите обвинувања во мај годинава.

„Постои организиран систем на регрутирање девојки“, рече таа во интервју за „Би-би-си“.

Лин тврди дека, по концертот на „Рамштајн“ во Литванија, била спроведена во мала соба зад бината, каде потоа пристигнал и Линдеман. Таа вели дека заминала од собата откако сфатила дека станува збор за сексуална работа.

Нејзините обвинувања предизвикаа лавина признанија за сексуален напад, при што многу жени и девојки веруваат дека тие, како Лин, биле издвоени на социјалните медиуми од страна на една Русинка за да имаат секс со Линдеман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот