Започна со реконструкција втората фаза од „Индира Ганди“, Шилегов најави изградба и на парк

Во текот на реконструкцијата на оваа делница, во овој дел од градот ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Денеска почна втората фаза од реконструкцијата на улицата Индира Ганди, во општината Шуто Оризари. Обновата на вториот дел од оваа фреквентна сообраќајница е предвидено да заврши во рок од 50 дена. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека во текот на реконструкцијата на оваа делница, во овој дел од градот ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

– Оваа пролет ја почнуваме реконструкцијата на втората фаза од оваа улица, и тоа во должина од 800 метри, од улицата Бутелски венец до улицата Нов живот. Ќе биде заменет стариот асфалт кој е целосно уништен, ќе се заменат оштетените рабници, а ќе бидат реконструирани и тротоарите. Инвестицијата на Градот Скопје во овој проект изнесува околу 13,5 милиони денари со ДДВ – рече градоначалникот Шилегов.

Тој најави и дека кога ќе почне сезоната за садење, на локацијата ќе биде подигнат.

– На почетокот на оваа пролет, кога ќе почне сезоната за садење, овде ќе подигнеме и нов парк – прв парк кој што ќе го уреди Градот Скопје во Шуто Оризари за потребите на граѓаните – најави Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот