Запленети 22 килограми хероин во меѓународна акција на Србија, Бугарија и американската ДЕА
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Обвинителството за организиран криминал, американската агенција ДЕА и бугарската полиција, запленија 22 килограми хероин и уапсија седумчлена организирана криминална група.
Препорачано
Според соопштението на српската полиција, во оваа меѓународна акција, во Србија беше уапсен М. С. (1984) од Ниш и М. Т. (1974) од Кајетина биле запленети два килограми хероин, а истовремено српски државјанин Ж. М (1981) бил уапсен во Бугарија. За него постои сомневање дека тој е водачот на оваа криминална група, а бугарските државјани Д. С., А. Н., Г. Х. и Н. Х. и запленети се 20 килограми хероин.
Според полициските податоци оваа група, во текот на изминатата и оваа година, шверцувала хероин од Турција, кој потоа го продавала во Бугарија, САД и Србија.
Поради сомнение дека сториле кривично дело здружување заради извршување кривични дела и неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства, одреден им е притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
26мин
-
36мин
-
40мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


