Заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесе оставка, Филипче најави прес за 19 часот

Илир Хасани/ Фото; Архива на Слободен печат

Бранот оставки на надлежните, поврзани со катастрофалниот пожар во тетовската ковид-болница, попладнево продолжи со оставката на заменик-министерот за здравство Илир Хасани.

„Во овие моменти толку тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со процедурите за формирање модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов, да ги почитувам жртвите, повредените , јавноста и најмногу јас. Нема ништо над достоинството!“, соопшти Хасани.

Претходно, оставки поднесоа и директорот на тетовската Клиничка болница, Флорин Бесими, како и економскиот директор на болницата, Артан Етеми.

Министерот за здравство Венко Филипче најави прес-конференција за 19 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот