Фото: Слободен печат

ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ НЕ СЕ СИМНА ОД ТЕЛЕФОН: Жерновски во парламентот ги игнорираше младите кога говореа за евроинтеграции (ФОТО)

Во Собранието денеска младите од регионот од пратеничка говорница зборуваа за нивните потреби, на седницата за Национален совет за евроинтеграции. Идејата на младите од повеќе земји е и тие да бидат вклучени во евроинтеграциите. Говореа за состојбата во медиумите, меѓу другото и проблемите со вработување, животната средина…

Додека дел од нив предлагаа решенија, дел од пратениците и владините функционери се фатија за мобилните телефони.

Таков беше примерот со заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, кој постојано се допишуваше. Сепак, и тој се приклучуваше на аплаузите откако им завршуваа говорите на младите.

Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот