ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ЦРКВА ВО ЈОХАНЕСБУРГ: Затворени над 200 лица, петмина се убиени

Фото: Твитер

Досега се уапсени 30 лица и запленети се 25 примероци од огнено оружје, но заложничката криза траела уште некое време и преговарачите се нашле на лице место во контакт со киднаперите.

Во Јоханесбург во заложничка криза во една Евангелистичка црква се убиени пет лица, а повеќе од 200 заложници се ослободени, соопшти денеска локалната полиција, а пренесува Ројтерс.

Полицијата соопшти дека во раните утрински часови добила пријава за ситуацијата со заложниците во црква во Јоханесбург, каде имало и пукање.

Досега се уапсени 30 лица и запленети се 25 примероци од огнено оружје, но заложничката криза траела уште некое време и преговарачите се нашле на лице место во контакт со киднаперите.

Локалната полиција извести дека над 200 луѓе се заробени во црквата.

Телевизиската станица „Енца“, пренесе дека во рамките на црквата имало спор околу новото раководство на оваа установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот