Законот за рестриктивни мерки доби нов потпис од техничката влада

Законот за рестриктивни мерки кој по само еден ден од потписот на екс премиерот Димитар Ковачевски беше повлечен, денеска на владина седница повторно помина со потпис од новата техничка влада и ги прати до Собранието.

Со овој закон црната листа која беше проширена станува дел од македонското законодавство, но нема да важи за лицата кои веќе на списокот санкционирани од страна на САД.

Законот за рестриктивни мерки, како што појасни денес на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, е под надлежност на МНР и има за цел дефинирање на начините за воведување, изменување и престанување на рестриктивните мерки.

Министерот Бујар Османи информираше дека Судот може да донесе таква одлука на барање на Јавниот обвинител доколку се исполнети условите за тоа односно има подигнато обвинение и тоа,  прифатено е обвинението од судот и на барањето на јавниот обвинител да се активираат овие два механизми судот може или не може да донесе таква привремена мерка се до правосилна судска одлика.

– Едното е забрана за учество, односно кандидирање за јавна функција, вклучувајќи и избори, и доколку лицето е носител на јавна функција тогаш следи привремено суспендирање се до правосилност на судска одлука. И второ доколку се работи за правни субјекти, за организации, институции, компании, се забранува учество во процедури каде се вклучени државни пари и фондови, рече Османи.

Предлагачот тврди дека овие мерки ќе важат само за оние што во иднина ќе бидат ставени на црните листи, со образложение дека законот не може да важи ретроактивно. За да можат да се спроведуваат овие закони ќе се прават усогласувања и на други закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот