Законот за амнестија во Албанија доби потпис од шефот на државата

фото: социјални мрежи

Законот за амнестија и официјално е потпишан од албанскиот претседател Бајрам Бегај – беше изгласан во четвртокот со 110 гласови, од вкупно 140 колку што пратеници има албанскиот законодавен дом.

При донесувањето на законот министерот за правда Улси Мања рече дека корист ќе имаат 1100 затвореници, при што 700 ќе бидат ослободени веднаш, а на останатите 400 ќе им биде намалена казна.

Во исто време на 2.700 лица ќе им биде укината условната казна.

„Тврдењата дека со амнестијата нема да бидат опфатени лица осудени за корупција, неколку членови на законот го потврдуваат спротивното. Во член 244 и 245 стои дека намалување на казната ќе има и за лица вршители на јавни функции осудени за активна корупција, како и за активна корупција на високи државни функционери или локални избраници“, наведува Топ чанел.

Се смета дека ова го потврдува тврдењето на официјалниот лидер на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, дека има некаков таен договор меѓу владејачките социјалисти и опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша. Баша и десетте пратеници кои се негови поддржувачи излегоа од сала и не гласаа за законот.

Инаку, со законот ќе бидат опфатени осуденици мажи кои имаат помалку од 4 години од затворската казна, жени и малолетни лица кои им останува уште 5 години од казната. Амнестијата важи за жените над 50, мажите над 60 и лицата под 18- годишна возраст.

Во Албанија последната амнестија беше онаа од 2020 година, кога беа опфатени 170 затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот