Зајкова: Пенов беше успешен градоначалник, може да го раководи Министерството за локална самоуправа

Моника Зајкова, праеничка/Фото. ЛДП

Во интервју за ТВ21 кое ќе се емитува вечерва, пратеничката од ЛДП Моника Зајкова појаснува за партискиот предлог Ристо Пенов да ја преземе министерската функција од нивниот сопартиец Горан Милевски кој си поднесе оставка од раководната функција во Министерството за локална самоуправа.

„Сметавме дека како човек кој што има навистина успешни проекти додека го водеше градот, дека може да го преземе кормилото на Министерството за локална самоуправа, но и тоа и дава една нова димензија на партијата во делот на тоа што ние го викаме обединување, да малку ги сплотиме луѓето на едно место и да настапиме со поинаков концепт“, вели пратеничката Зајкова.

Инаку, на синоќешната седница на Централниот одбор на ЛДП била разгледана и оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, а бил прифатен и предлогот Ристо Пенов да биде избран и именуван за иден министер на оваа позиција во Владата.

– Централниот одбор се заблагодари на досегашниот негов ангажман, на успешното менаџирање со министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата, велат од ЛДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот