Захариева децидна: Бугарија нема да прави компромиси со Македонија за историјата
Нема да правиме компромис со вистината. Од Северна Македонија не сакаме ништо повеќе од вистината. Ова за Нова го изјавила министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во врска со откажувањето на Бугарија заеднички со Македонија да го чевствуваат идеологот на ВМРО, Гоце Делчев на 7 октомври, ден кога Георги Димитров ги предал на Скопје останките на Делчев.
Според Захариева предавањето на останките на Македонија е едно од најголемите предавства кон Бугарија. Гоце Делчев сам се изјаснил како Бугар, додала министерката за надворешни работи.
Според Захариева едно од основните нешта кои Бугарија ги очекува од Северна Македонија е да се сменат учебниците по историја.
Таа го коментирала и членството на Македонија во Европската Унија и нагласила дека започнувањето на преговори со ЕУ не е гаранција за влез на Македонија во Унијата.