ЗАГРИЖУВАЧКИ: Во 2019 година во САД имало рекорден број на масовни убиства

Полиција во САД/Фото: Профимедиа

САД 2019 година ја завршуваат со најголем број масовни убиства за една година.

Во 2019 година имало 211 жртва во 41 случај на масовно убиство, според базата на податоци што ја одржуваат Асошиејтед Прес, Ју-Ес-Еј Тудеј и Универзитетот Нортистерн во Бостон.

Според нивната дефиниција, масовно убиство е секој инцидент во кој умираат четири или повеќе луѓе, без да се брои сторителот.

Ова е најголем број на случаи на масовни убиства, откако двата медиуми и универзитетот почнале со регистрирање на податоци. Тие посочија дека другите истражувања, кои датираат до 1970-тите години, исто така не можат да се споредат со годинашната бројка.

Во 33 случаи, злосторството е сторено со огнено оружје, проследено со секири и ножеви.

Девет случаи на масовно убиство биле извршени на јавно место, додека повеќето случаи вклучувале луѓе кои се познаваат меѓу себе, членови на семејство и колеги, или пресметки меѓу банди.

Најсмртоносниот инцидент се случил во август кога Патрик Крусиус убил 22 лица во Волмарт. Крусиус рече дека сакал да „убие што е можно повеќе Мексиканци”.

Единствено позитивен е фактот што и покрај тоа што во 2019 е најголем бројот на инциденти, бројот на загинати бил поголем во 2017 година кога загинале 224 лица, вклучително и масакрот во Лас Вегас кога беа убиени 58 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот