Загревање за „Синедејс“ со проекции на европски филмови во Битола

Како загревање за новото издание на фестивалот „Синедејс“ и со поддршка на „Јуроп хаус“ во тек е Европско патувачко кино под отворено небо на кое се прикажуваат европски филмови од понова продукција.

По проекциите во Дебар и во Велес, на 23 и 24 јуни европското патувачко кино е во Битола, каде на платото пред Офицерскиот дом ќе бидат прикажани краткометражни и долгометражни филмови.

На програмата на 23 јуни се македонскиот краток филм „Проблемот на Тина“ во режија на Радован Петровиќ и долгометражниот филм „Фабијан: одејќи накај кучињата“ од Германија.

На 24 јуни ќе бидат прикажани краткиот македонски филм „Перики“ во режија на Ангела Димеска и германскиот игран филм „Јас сум твојот човек“.

По проекциите ќе има тематски разговори кои ќе ги модерира Бојан Станиќ, а како гости ќе учествуваат Елена Ристевска и Благица Димитрова од „Контракадар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот