Загребска МАДАМ: Во Центар за убавина организирала проституција

Дваесетгодишна обвинетата со повеќе женски лица договарала начин на пронаоѓање на клиенти на кои им давале сексуални услуги за паричен надомест.

Постои основано сомнение дека обвинетата од март 2019 година па сè до 13 мај 2019 година во Загреб, поради стекнување материјална добивка, стапувала во контакт со повеќе женски лица и со нив договарала начин на пронаоѓање на клиенти на кои им давале сексуални услуги за паричен надомест.

Според судот во Загреб, обвинетата преку интернет портали и други средства за јавно информирање објавувала огласи во кои барала жени за масирање. Притоа во личен контакт ги упатила дека се работи за давање сексуални услуги за паричен надомест, со нагласување дека станува збор за обични и еротски масажи за различни парични износи.

За контакт со клиентите во огласите наведувала различни телефонски броеви, а ангажираните жени на заинтересираните клиенти им давале сексуални услуги во стан во Загреб, каде што како Центар за убавина работела фирма во сопственост на обвинетата.

Заработката за сексуалните услуги ангажираните жени ги делеле со обвинетата.

Судијата не го прифатил предлогот на државното обвинителство и обвинетата ја пуштил да се брани од слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот