Загреб: Немал каде да се паркира, па им ги дупнал гумите на сите автомобили кои му пречеле и избегал

Хрватска полиција/ Фото: Профимедиа

Полициски службеници од Загреб завршија истрага за 45-годишниот маж, кој се сомневаше дека извршил казненото дело „оштетување на туѓа сопственост“.

Имено, полицијата се сомнева дека осомничениот на 14 декември оваа година, пристигнал на приватен паркинг во близина на зграда во Загреб, со намера да го паркира своето возило. Забележал дека на оваа локација се паркирани повеќе лични автомобили со различни регистарски ознаки, односно дека возилата не се од подрачјето на градот Загреби и дека нема друго место за паркинг.

Тогаш својот личен автомобил го паркирал покрај едно дрво, свесен дека на тој начин заградува неколку автомобили кои биле уредно паркирани на обележани паркинг места. По десет минути, тој се вратил со соодветен алат, најверојатно завртувач, и ѝм ги избушил гумите на сите сите автомобили. По настанот, тој се упатил во непознат правец.

По истрагата, на човекот му е доставена казнена пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот