Загреб ќе ги смени имињата на улиците именувани по претставници на НДХ

Фото: Архива на „Слободен печат“

Градот Загреб почна да ги менува имињата на улиците „именувани по функционери или лица блиски до усташката НДХ“, пишува денеска „Јутарњи лист“.

Пред неколку дена до Градското собрание беше испратен предлог за промена на имињата на четири улици во поширокото градско подрачје кои ги носат имињата на Филип Лукас, Владимир Арко, Антун Бонифачиќ и сараевскиот архиепископ Иван Шариќ.

Преименувањето беше побарано од Светскиот еврејски конгрес, невладиното здружение Документи, историчарите Иво Голдштајн и Хрвоје Класиќ, како и Ерол Шеху, кој изјави дека Лукас, Арко, Шариќ и Бонифачиќ биле „истакнати соработници на нацифашистичкиот, марионетски и антицивилизациски режим на НДХ“.

„Јутарњи лист“ наведува дека сега на потег е Градскиот комитет за именување населени места, улици и плоштади, а на крајот и советниците на Градското собрание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот