Загинаа двајца планинари, глечерски мраз ги затрупал на француските Алпи

Фото: Твитер

Две лица загинаа од паѓање на маси глечерски мраз во близина на Мон Блан на француските Алпи, пренесе ДПА.

Според локалните власти, големи парчиња мраз се одвоиле од глечерот, при што полесно е повредено уште едно лице, а четворица преживеале неповредени.

Двете жртви биле затрупани под мразот. Тие биле планинари кои сакале да се искачат на Мон Блан.

Пред една недела лавина на француските Алпи затрупа повеќе планинари а меѓу загинатите имаше и двајца планинарски водичи.

Ужас во Словенија: Снежна лавина затрупа 7 лица, итно активиран спасувачки хеликоптер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот