ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ВО ИРАН НА ВИСОКО НИВО: Затворени повеќе училишта и факултети

Училиштата и факултетите во неколку области во Иран, меѓу кои и Техеран, денеска се затворени поради загадување на воздухот, јавија локалните медиуми.

„Поради зголемено загадување на воздухот, јаслите, градинките, основните и средните училишта, како и факултетите и други образовни институции се затворени во поширокиот регион на Техеран“, соопштија локалните власти.

Во Иран сабота е прв работен ден во неделата.

Во Техеран утрово густината на штетните честички од 2,5 микрони (ПМ) достигна 146 микрограми на метар кубен.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува максимална горна граница од само 25 микрограми по метар кубен за 24 часа.

Училиштата се затворени и во северниот и централниот дел на Иран. За сега не се прецизира кога ќе бидат повторно отворени.

Од загадување на воздухот во Иран годишно умираат речиси 30.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот