Загадениот воздух лани донесе смрт за половина милион бебиња ширум светот

Најмалку 476.000 новороденчиња во текот на 2019 година починале поради загадувањето на воздухот, посебно во Индија и супсахарска Африка, а во речиси три четвртини случаи поради токсични испарувања на горива кои се користат за готвење, покажа најновата студија за загадувњето на воздухот.

Повеќе од 116.000 новороденчиња во Индија починале од загадување на воздухот во првиот месец од животот, а 236.000 во супсахарска Африка, се наведува во студијата при чија изработка се користени податоци од два американски институти, Институтот за здравствени последици и Институтот за евалуација на здравјето.

Според авторите на студиите, се повеќе докази има за поврзаноста на изложеноста на мајките на загаден воздух во текот на бременоста со зголемениот ризик бебињата да се родат со мала тежина или предвреме.

„Иако полека и постојано се намалува зависноста на домаќинствата од горивата со лош квалитет, загадувањето на воздухот и натаму е клучен фактор за смртноста на тие деца“, оцени претседателот на Институтот за здравствени последици Ден Гринбаум и додава дека посебно се погодени новороденчињата во јужните делови од Азија и во супсахарска Африка.

Загадувањето на воздухот во текот на 2019 година предизвика смрт на 6,7 милиони луѓе ширум светот, што, како што се додава, е четврта водечка причина за смртност.

Авторите на студиите укажаа дека пандемијата од ковид-19 предизвикала бројни смртни случаи, како и економски и општествени проблеми, но влијаела и врз загадувањето. „Во многу земји небото е повторно сино, а моќите се ѕвездени, често првпат во последните мноштво години“ поради падот на активности. Но овие исчекори се со кус век, предупредија научниците.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот