Заев: Жените ќе бидат застапени со 50 отсто на изборните листи на СДСМ - Слободен печат

Заев: Жените ќе бидат застапени со 50 отсто на изборните листи на СДСМ

СДСМ стана дел од лидерството на влијателната Прогресивна алијанса. Јас и Радмила бевме избрани во бордот, највисокото тело што ги дава политичките насоки и решава за најголемите политички прашања на цел свет. Има повеќе од 140 партии од над 80 земји. Токму ние ја добивме честа да го водиме ова силно движење. Тоа е голем, заеднички успех, рече лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев во обраќање пред Форумот на жени на СДСМ наречен „20 години чекориме на патот на еднаквоста“.

– Многу мерки и политики немаше да бидат возможни без Фроумот на жени на СДСМ. Затоа сакам да им честитам на сите што се вградиле во овие 20 години еднаквост. Нашата политика е јасна, потребни се повеќе жени во политиката. Во нашиот Извршен одбор повеќе од половина се жени. Ние сме предводници на застапеноста 50-50 во политиката. На следните изборни листи СДСМ ќе има целосна еднаквост. Успеавме, заедно сите. Ние мажите и тоа како со силна верба и мотивација веруваме во тоа, затоа што конечно ќе ги искористиме сите капацитет и на оваа наша партија и на оваа наша држава, рече Заев.

Тој потсети дека владата ја исправила неправдата со платите, како и дека дала неповратни средства за почнување бизнис на жени во рурални средини.

Ве повикувам да не запреме додека не го искорениме психичкото, физичкото и секусалното насилство врз жените. Општеството нема да биде еднакво ако во него не се еднакви мажите и жените. Нема да запреме додека не обезбедиме девојки и жени да имаат еднакво право да напредуваат и да бидат избрани на работни позиции. Зад нас се деструктивните сили на режимот. Да не дозволиме враќање назад. Кога сме сите напред, тогаш побргу се стигнува до нашата заедничка цел. Ќе се согласите дека кај нас се сите лостови со кои може да го поместиме светот да биде подобро место за живеење“, истакна лидерот на СДСМ.

Според Заев, тие како одговорна партија продолжуваат да работат во насока на градење на фер и праведно општество во кое жените нема да бидат дискриминирани.

– Не е доволно да има застапеност 50-50 само во СДСМ и на листите на СДСМ. Повеќе жени на раководни позиции мора да бидат нашиот императив. Тоа се нашите цели, тоа е фокусот на нашиот активизам и тоа треба да биде нашето достигнување. Тоа е нашиот пат, тоа е правиот пат“, рече тој.

Прочитај повеќе

Вухан гради и втора болница за заболените од коронавирус

Слободен печат

Москва и Анкара тврдат дека во Сирија имало околу 200 случаи на кршење на примирјето

Слободен печат

Богатите ги повлекуваат парите од швајцарските банки: Знаат ли нешто што другите не знаат?

Слободен печат

Хрватите протестираа против 5Г мрежа

Слободен печат

Полска ја обвинува ЕУ за политика на двојни стандарди

Слободен печат

Заев за пишувањето на „Ла верита“: Ако во ВМРО-ДПМНЕ имаа некакви докази, верувајте, ќе ме осудеа

Слободен печат

1 comment

НЕВЕН ГНЕВЕН 18/11/2019 - 07:32 at 07:32

Еве уште една глупост, не знам која по ред. До кога ќе те санкаат тие труповите твои таканаречени „советници“? Па ова крај нема. Свести се што правиш.

Reply

Остави Коментар

three × five =

Прочитај повеќе

Миро Ковач кандидат за претседател на ХДЗ

Слободен печат

Спречени можни атентати во Брест и Епинал

МИА агенција

Си Џинпинг: Ситуацијата е сериозна, коронавирусот брзо се шири

Слободен печат

Македонија е политички ханиленд

Бранко Тричковски

Нуредини: Единствен опасен отпад во нашата земја е комуналниот отпад

Слободен печат

„СМРТ НА КРАЛОТ“: Макрон станува мета на сè поголеми навреди на француските протести

Слободен печат