Заев: Владата од денеска почнува назначување на директори, Рустеми ќе биде директор на ЈП државни патишта

Од денеска почнува назначувањето на директорите на институциите кои се под надлежност на Владата, соопшти денеска премиерот Зоран Заев, откривајќи дека за директор на јавното претпријатие за државни патишта ќе биде назначен Ејуп Рустеми, актуелниот директор на Македонска пошта.

– Дел од одлуките ќе бидат донесени денеска. Дел ќе бидат донесени одлуки за распишување на конкурс бидејќи има институции кои своите раководни места ги бираат на конкурс. Има и дел од одлуки со кои ќе се дадат јасни упатства на управни и надзорни одбори поставени од Владата за политичко постапување на раководни места, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по одржувањето на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања”.

Верува дека овој процес ќе биде завршен за 10-15 дена, освен за оние места каде раководните лица се избираат на конкурс.

Во однос на предлогот на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците да се формира широка техничка влада за справување со пандемијата, премиерот Заев рече дека секој предлог е достоен да биде разгледан, но оти сепак верува дека Владата има доволен капацитет да се справи со предизвиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот