Заев: Случајот „Рекет“ го пријавив на 22 април 2019 година

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил попладнево соопшти дека случајот „Рекет” го пријавил на 22 април 2019 година.

„Денес добив прашање од медиумите за точниот датум кога сум го пријавил случајот „Рекет”. Проверив и ја известувам јавноста дека случајот „Рекет” го пријавив на 22 април 2019 година“, напиша премиерот.

На новинарско прашање денеска премиерот одговори дека одржал состанок десетина дена пред Орце Камчев да ги однесе документите и материјалите во Обвинителството за организиран криминал и корупција и дека на средбата присуствувале државниот обвинител и обвинителката за гонење организиран криминал.

Притоа, тој најави, дека точниот датум на состанокот ќе го провери во својата агенда и ќе го соопшти до крајот на денов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот