Заев: Само со професионализирани и деполитизирани служби можеме да градиме систем кој ќе ги осигура основните функции на полицијата

Да се биде заштитник и пријател на граѓаните е голема обврска, но и огромна чест која им е доверена на полициските службеници, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, честитајќи и го Денот на македонската полиција.

– Во период кога се справуваме со сериозна закана од глобалната пандемија, од самиот почеток на оваа здравствена криза полицајците се во првите редови во борбата против коронавирусот. После сите премрежија и предизвици со кои се соочија службите во Министерството за внатрешни работи, денес може слободно да кажеме дека успеавме да ја вратиме основната функција на оваа служба – еден од столбовите кој ја гарантира државноста, основа на безбедноста и во исто време полиција – пријател и заштитник на граѓаните, наведува Заев во својата објава.

Порачува дека само со професионализирани и деполитизирани служби може да се гради систем кој ќе ги осигура основните функции на полицијата, кои, како што вели, никогаш повеќе не смеат да бидат злоупотребени во политички цели.

– Упатувам искрени честитки до сите полициски службеници за посветеноста и пожртвуваноста при вршењето на должностите и работните обврски, како и до сите граѓани по повод Денот на македонската полиција и заедно да ја унапредуваме службата во сервис и заштитник – пријател на граѓаните, пишува во честитката на премиерот објавена на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот