Заев: Разочарани сме, но европеизацијата на општеството и членството во ЕУ немаат алтернатива

Фото: Screenshot/YouTube

За жал ЕУ не го испорача ветувањето пред граѓаните на Република Северна Македонија и оти сега разочарувањето е навистина големо

Не станува збор просто само членството во ЕУ, за нас клучна цел европеизацијата на нашата земја, истакна премиерот Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун” на „Дојче веле” на англиски јазик.
Покажавме вистинска посветеност на овој процес и покрај тоа што од 2005 година сме земја кандидат и 16,5 години чекаме да се случи следниот чекор. На јасно сме дека до членството ќе поминат можеби уште пет, седум или 10 и повеќе години, но ЕУ е неопходно да ги исполни своите ветувања, да ни овозможи да го направиме следниот чекор, истакна Заев.
Тој додаде дека за жал ЕУ не го испорача ветувањето пред граѓаните на Република Северна Македонија и оти сега разочарувањето е навистина големо. 

Заев посочи дека европеизацијата и членството во ЕУ немаат алтернатива, пред се поради вредностите на Унијата кои, како што вели, значат подобра и просперитетна иднина, но, додаде дека земјите од Западен Балкан, кои се како своевиден остров оставен во ЕУ, на овој начин се оставаат на можноста да се соочат со други влијанија.

[sc name=”dw” ][/sc]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот