Заев: Подготвени сме да се соочиме со сите предизвици што ги носи пристапниот процесот

Премиерот Зоран Заев денеска во рамките на еднодневната посета во Прага, Република Чешка, учествуваше на „Самитот на премиерите на државите од Вишеградската Група и на премиерите на државите партнери од Западен Балкан”, оценувајќи го како вистинска заложба за поблиска и искрена соработка помеѓу државите на Вишеградската Група и државите на Западен Балкан.

– Земјите на Вишеградската Група отсекогаш биле силен и гласен поддржувач на државите на регионот на Западен Балкан во нивните процеси и заложби за интеграцијата во ЕУ, и подготвени да ги споделат своите искуства од евроинтеграциските процеси, но и да ја зголемат економската соработка со нашата земја и нашиот регион, истакна премиерот Заев на Самитот.

Заев, нагласи дека земјата направи значителен напредок и сега се наоѓа во клучен период за иднината на државата.

Прочитајте и...  САД запленија милиони долари од криптовалутни налози на екстремистички организации

– Очекувам нашето членство во НАТО да стане ефективно наскоро, после десет позитивни препораки за Европската комисија, оптимистичките заклучоци на Советот (во 2018 и 2019 година) и резултатите што ги создадовме – се повеќе сум убеден дека сме подготвени да го започнеме ова патување и да се соочиме со сите предизвици што ги носи процесот. Успесите што ги остваривме во домашните реформи и во затворањето на отворените билатерални прашања, ни даваат кредибилитет да тврдиме дека ќе бидеме успешни и во пристапниот процес, рече премиерот.

Тој додаде дека поблиската соработка со земјите-членки на ЕУ ќе придонесе за справувањето со предизвиците во политичката агенда на ЕУ, како што се климатските промени, енергетиката, животната средина, како и надворешните влијанија, безбедноста и миграцијата.

Прочитајте и...  МВР вчера казни 470 граѓани

Во обраќањето на „Самитот на премиерите на државите од Вишеградската Група и на премиерите на државите партнери од Западен Балкан” во Прага, премиерот Заев изрази благодарност и ја оцени како исклучително охрабрувачка Декларацијата за Западен Балкан со која лидерите на земјите од Вишеградската група ја потврдуваат нивната недвосмислена поддршка за пристапувањето на државите од Западниот Балкан во Европската Унија и увереноста дека обединувањето на Европа нема да биде целосно без пристапувањето на Западниот Балкан во Европската Унија.

Прочитај повеќе

Руски јутјубер уапсен за оддавање на државни тајни, ќе остане во притвор до октомври

Слободен печат

Потресни сведочења од притворените на протестите во Минск: Не соблекуваа голи, не тепаа и не мачеа, жените врескаа (ВИДЕО+ФОТО)

Слободен печат

Глетка која го запира здивот: Над 300 делфини забележани во Калифорнија

Слободен печат

Иран ја осуди популарната двојка на 16 години затвор и камшикување поради објави на Инстаграм

Слободен печат

Груби: Сè уште не е постигнат договор помеѓу СДСМ и ДУИ, албанската опозиција шири лажни вести

Слободен печат

Германија ќе ја прогласи Шпанија за ризично подрачје поради коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Матоши: Не се укинуваат тестовите за македонските граѓани при влез во Косово

Миа Агенција

Пандемијата го крена рејтингот на Болсонаро

Слободен печат

Наумовска: Очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран

Слободен печат

Шасивари: Доделувањето на мандатот е нов политички преседан, Пендаровски доби функција која ја има само Макрон

Слободен печат

Протест во Скопје против поскапувањето на струјата: Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб!

Слободен печат

Радев: Ако има оставки и предвремени избори може да се зборува за промена на Уставот на Бугарија и иднината

Слободен печат