Заев: Опцијата ПЦР тестови за влез во моловите и кафеаните ќе предизвикаше гужва на пунктовите и можност за ширење на вирусот

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

 Не се воведени бесплатни тестови за влез во угостителските објекти и во шопинг центрите за оние граѓани кои од медицински причини во моментот не можат да се вакцинираат затоа што тоа би можело да предизвика гужви на пунктовите за тестирање и со тоа да се создаде атмосфера на ширење на вирусот, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Заев рече дека се разгледувала оцијата за бесплатни ПЦР тестови за влез во угостителските објекти и на организирани настани, но оти тоа не е прифатено.

– Имаше дискусија за бесплатен ПЦР тест, дури и дискусија за платен тест или слично пред кафулињата, големите културни настани, одредени други помасовни организациски настани. Причината беше заради тоа што тогаш ќе предизвикаме масовно упатување на луѓето кај пунктовите каде што се прават бесплатните тестови и тоа може да биде атмосфера на ширење на самата зараза. Токму од тие причини, не се даде таа сугестија, рече Заев. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот