Заев: Одржливата или „зелена“ енергија е меѓу нашите приоритети

Во овој период максимално ќе инвестираме во обновливи извори на енергија, а согласно планот ИПИ 2021-2027, вложуваме напори да успееме дури и пред земји-членки на ЕУ да ги затвориме јаглените електрани, вели Заев.

Одржливата или „зелена“ енергија е меѓу нашите приоритети и за тоа потврдуваат резултатите од меѓународните енергетски организации дека Северна Македонија е на врвот во регионот по искористеност на обновливи извори на енергија, напиша на својот фејсбук профил премиерот на Македонија, Зоран Заев.

„Само за минатата година го зголемивме производство на енергија од обновливи извори на 827 MW, што претставува раст од 10,1% и во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3%. Во овој период максимално ќе инвестираме во обновливи извори на енергија, а согласно планот ИПИ 2021-2027, вложуваме напори да успееме дури и пред земји-членки на ЕУ да ги затвориме јаглените електрани“, вели Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот