Заев на суд, ќе сведочи за „Таргет и Тврдина“

фото: МИА

Како сведок на Јавното обвинителство на рочиштето за случајот „Таргет и Тврдина“, денеска во Кривичен ќе сведочи шефот на македонската Влада, кој ќе ги изнесе своите сознанија за нелегалното прислушување од УБК.

Сведочењето на Заев следува откако пред две недели заврши со исказ поранешниот разузнавач и негов советник, Зоран Верушевски. Досега во овој случај сведочеа и двајцата свиракачи од УБК, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.

Никола Груевски треба да биде првообвинет во случајот за нелегалното прислушување. Тој заедно со другите двајца бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошкоски се фокусот на креацијата на документацијата, рече Верушевски во неговото сведочење во Основниот кривичен суд во Скопје за случајот Таргет-Тврдина.

Во Таргет-Тврдина првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот