Заев: Кон крајот на февруари, почетокот на март ќе донесеме одлука со кого ќе коалицираме

ФОТО: МИА

Ќе се донесе одлука за евентуални предизборни коалиции за околу еден месец.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека неговата партија полесно ќе најде партнер за евентуална предизборна коалиција од политичките противници. Ставот го темели на досегашната соработка со сите останати освен ВМРО-ДПМНЕ. Заев кажа дека одлуката за тоа со кого ќе коалицираат за следните избори ќе се носи на крајот на февруари, почетокот на март.

-Имаме разговори со сите, со традиционалниот коалционен партнер, разговори со опозициските партии, и ДПА и Алтернатива, но отворена комуникација и со Беса и со Алијанса. Заедно гласавме уставни промени, заедно гласавме закон за употреба на јазици, дел од реформите, не само оние со двотретинско мнозинство, туку се што е важно за државата. Ние сме мултиетничка партија, поставена многу отворено, имаме одлична соработка и тоа не доведува до предност во однос на нашиот опонент слободно калкулираме, носиме одлуки, правиме нешто што е најдобро за државата и за најдобро позиционирање на политичките партии, рече Заев во Тетово.

Ќе се донесе одлука за евентуални предизборни коалиции за околу еден месец.

-Се прават анализи, каков е бенефитот, како ќе реагираат граѓаните, дали е прифатливо и слично. СДСМ е позитивен дури и за предизборни коалции со албанските политички партии заради тоа што немаме никакви предрасуди затоа што нас граѓаните се граѓани, не ги делиме етнички, веруваме во едно општество за сите. И треба да правиме чекор повеќе за унапредувањето на овој концепт каде сите сме само граѓани, вредиме исто. Крајот на февруари, почеток на март ќе биде кога е се носат вакви одлуки за коалиции составени од мултиуетнички партии и од партии на заедниците, рече партискиот лидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот