Заев: Ќе потпишеме договор за заедничка контрола на границите со Албанија

Во Тирана ќе потпишеме договор за заедничка контрола на границите со Албанија, а следно е Косово, најави премиерот Зоран Заев, потсетувајќи дека веќе има „One stop shop” со Србија, додека крајната цел е да има „No stop, just go”.

Во Тирана ќе потпишеме договор за заедничка контрола на границите со Албанија, а следно е Косово, најави премиерот Зоран Заев, потсетувајќи дека веќе има „One stop shop” со Србија, додека крајната цел е да има „No stop, just go”.

Зборувајќи за регионалната соработка премиерот Зоран Заев, во интервју за „Еуроњуз Албанија”, вели дека колку повеќе ја унапредиме, толку повеќе Европа ќе нé почитува.

Најмалку што треба да направиме е да се обединиме во делот на заедничкиот настап, ослободувањето на границите за слободен проток на луѓе, на стока, на трговија на капитал, на информации. Навистина имаме што да ѝ понудиме на Европа, но и да примиме од неа. Затоа со премиерот на Албанија, со претседателот на Србија ги разработуваме опциите за она што некои го нарекуваат „Мини Шенген”, а некои го нарекуваат зголемена регионална соработка. Ова е компатибилно со процесот на нашата интеграција во ЕУ, затоа што целиот регион економски зајакнува и така полесно ќе се интегрираме кон ЕУ, истакнува Заев во интервјуто, информираат од владината прес-служба.

Нагласувајќи дека сите земји од регионот се дел од ЦЕФТА, тој исто така, рече дека не само што треба да го унапредиме она што ни е заедничко постигнато, туку и да одиме чекор понапред и да ѝ покажеме на Европа дека и заедно со нејзината помош, ние можеме да направиме уште повеќе.

– Губиме години, децении и затоа јас зборувам дека е возможно низ дијалог да се најдат решенијата за многу прашања во регионот. Да, треба да го почитуваме минатото, но тоа треба да биде основа за сегашноста и за иднината, посочил премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот