Заев: Да бев премиер ќе инвестирав во енергетиката, но владата добро се справува со енергетската криза

Зоран Заев

Владата добро се справува со енергетската криза, со оглед на тоа што голем број енергетски капацитети работаат, смета поранешниот премиер Зоран Заев, кој денеска во Тетово како бизнисмен учествуваше на панел дискусија во на тема „Енергетската и инфлаторната криза“. Тој истакна дека се уште владата го консултира околу енергетската криза. Должност ми е да одговорам и давам совети, вели Заев.

-Ме консултираат за совети за енергетската криза, оти тоа ми е должност, но јас за владата само можам да изразам комплименти, оти како поранешен премиер можев да се кладам дека ТЕЦ Неготино тешко ќе беше ставена во фунцкија, но еве ТЕЦ Неготино работи, Осломеј работи, РЕК Битола работи. Јас би направил уште повеќе инвестиции во енергетиката, оти тука е сигурноста. Кога зависите од страна колку и да ви се пријатели земјите, вие пак зависите од нив. Гледате Ковачевски замина во соседните земји, да се осигура дали ќе бидат отворени границите, рече Заев.

Тој смета дека ни престои постабилен период.

-Цената на берзите вчера беа по 200 евра по мегават час струја, а се планираа за овој период да бидат до 500 евра, па и до 1000 евра. Сето тоа се должи на одлуките на ЕУ да ја регулира цената, односно да ја ограничи цената на струјата. Тоа ќе придонесе за поефтин гас, нафта и слично. Топланите работаат во Скопје, оти тоа беше предизвик и ваквата стабилизација ќе има позитивни влијание во периодов што престои. Но, тоа не значи дека треба да се олабавиме како општество и економија. Како влада треба да инвестираме во енергетски капацитети, ќе ни беше полесно ако инвестиравме и порано во енергетски капацитети. Големите енергетски објекти во нашата земја, а тоа се јагленовите електрани во РЕК Битола и во Осломеј, до крајот на оваа деценија треба да бидат затворени и тоа треба да го надокнадиме, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот