Заев: Честитки за нашите борци кои ни носат нови победи и нови подвизи

Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски!, напиша премиерот Зоран Заев на својата Фејсбук страница, откако вечерва фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Германија со резултат 1:2.

– Честитки за нашите борци кои ни носат нови победи и нови подвизи. Имаме победа над селекцијата на Германија на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Во овие тешки времиња, моментите на радост и гордост што македонските репрезентативци ни ги носат се потребни и добредојдени во секој дом, стои во објавата на Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот