ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА ГО ПОБЕДИМЕ ВИРУСОТ – Антонио Бандерас донираше 53 илјади евра и упати силна порака! (ФОТО)

профимедиа

Познатиот шпански актер, Антонио Бандерас, и се придружи на листата со јавни личности кои со донации помогнаа во борбата против кронавирусот.

Имено, актерот одвоил пари со цел да помогне при купувањето на заштитни одела и маски во болниците во Шпанија.

– Се здружив заедно со две фондации во пружањето на помош во текот на пандемијата на коронавирусот. Дониравме 53 илјади евра за итно обезбедување на заштитна облека и безбедносна опрема за болниците во Малага… Сакаме од се срце да им се заблагодариме на медицинските работници на целата жртва која ја поднесуваат за да не заштитат, напиша Бандерас.

Актерот не запре тука, па така тој одлучи да ги мотивира своите следбеници и на поинаков начин, тој објави фотографија од заоѓање на сонцето со мотивирачки зборови.

– Еден ден повеќе, еден ден помалку. Заедно можеме да го победиме вирусот – напиша тој покрај сликата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот