Заец: Преспанското Езеро е горлива тема- радува фактот што локалното население и јавноста почна да реагира за овој проблем

Преспанското Езеро е горлива тема во последната година. Водостојот е намален за три метри и е вечна болка за сите. Науката сè уште нема доволно одговори за тоа што влијае врз моменталната состојба, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говори биологот, Даниела Заец.

-Нивото на Преспанско Езеро флуктуира со години. Се случувало и претходно да има понизок водостој. Нè радува што локалното население и јавноста почна да реагира за овој проблем. Топлото и суво време, слабите дождови и снег, се најголемите фактори што го доведоа езерото до ваква состојба. На нивото на езерото влијаат и неодржливите земјоделски практики, исушувањето на блатата, иако сите сме сведоци на долгогодишните флуктуации на нивото на водата, таква е природата на езерото- вели Даниела Заец, биолог.

Сета вода што ја добива најмногу зависи од Преспанскиот Регион, вели Заец, од количеството на врнежи, а последниве години беа многу сушни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот