Зад сладоледот стои љубовна приказна, во минатото го јаделе само богатите, а Реган толку го сакал што прогласил месец на сладолед, и уште занимливости за сладоледот…

pixabay

Зад изумот сладолед во корнет стои една прекрасна љубовна приказна. Имено, сладоледот во корнет го измислила една девојка која продавала сладолед во Лузијана. Се случило вака: едно момче и подарило цвеќе завиткано во хартија, па таа се сетила на сличен начин да му возврати. Направила еден фишек од обланда и во него ставила сладолед. Било тоа во 1904 година.

Марко Поло го донел рецептот во Италија

Првата приказна за сладоледот се врзува со Марко Поло. Се верува дека сладоледот за првпат е направен на Далечниот исток, а Марко Поло го донел тој рецепт во Италија. Една друга приказна за сладоледот вели дека уште во времето на Персиската војна, Александар Македонси својата војска ја освежувал со сладолед. Трета приказна тврди дека во минатото сладоледот се послужувал само на трпезите на кралевите и благородниците. Во тоа време претставувало вистински луксуз некого да го послужите со топка сладолед на топлото време.

Американците се најголеми „јадачи“ на сладолед

Како и да е, факт е дека првата фабрика за сладолед е изградена во Америка, во 1851 година. Но, производството се развило дури после 1900 година кога се усовршиле новите системи за ладење. И не е ни чудо што за најголеми јадачи на сладолед се сметаат токму Американците. Дури 98 отсто од домаќинствата во САД без разлика на сезоната редовно купуваат сладолед. По нив се жителите на Нов Зеланд, Данска, Австрија, Белгија и Луксембург, па Шведска, Канада, Норвешка, Ирска и Швајцарија.

Реган прогласил месец на сладоледот

Меѓу бројните славни обожаватели на сладолед бил и Елвис Присли. Роналд Реган пак, во 1984 година месецот јули го прогласил за национален месец на сладоледот. Ваков национален месец денес не постои, зашто е укинат од Барак Обама, кој наводно се заситил од сладоледот уште додека бил момче работејќи во една слаткарница.

Најомилен е вкусот на ванила

Статистичките податоци велат дека најмногу сладолед се продава во текот на месеците јули и август и тоа во недела. Статистиката покажува и дека иако децата важат за најверни купувачи на сладолед, дури 50 отсто од продажбата ја прават возрасните. Интересно е дека сладоледот за десерт почесто го избираат мажите (13 отсто) отколку жените (8 отсто).Секој петти конзумент пак, својот сладолед несебично го споделува со својот домашен миленик, кучето или мачката.

Најомилен е вкусот на ванила. По него е чоколадниот, а на трето место е сладоледот од јагода. За најнеобични вкусови се сметаат сладоледот од авокадо, грав и од лук.

Знаевте ли, на пример, дека една топка сладолед исчезнува после точно 50 лизнувања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот