Забраната за движење по костими за капење низ центарот на Струга е донесена од морални причини, но Општината нема правна основа за знаци и санкции

Фото: Фејсбук/Општина Струга

Забраната за движење по костими за капење низ центарот на Струга била донесена од морални и етички причини и почит кон бизнисот и граѓаните, велат од Општина Струга. Тие појаснуваат дека оваа одлука произлегла од редовните средби со Комисијата за превенција пред туристичката сезона на која се дискутира за повеќе теми. Но, од правен аспект, Општината нема основа да ги постави знаците, ниту пак да санкционира за непочитување.

Од Општината за МИА изјавиле дека темата била начната како последица на повеќе пријави од страна на граѓани кои изразиле загриженост за движењето по чаршијата и продавниците во центарот на градот по костими за капење.

Заради морални и етички причини и почит кон бизнисите и граѓаните, кои тука се движат со своите семејства превземавме мерки за предупредување при движењето по костими за капење, појаснуваат од Општината.

Адвокатот и член на Советот на Општина Струга Ален Деребан појаснува ддека од правен аспек нема основ за поставување сообраќајни знаци, ниту за санкционирање.

Советот носи годишни програми и во нив има предвидено на кои места како се уредува со сообраќаен знак. Во овој случај Советот нема донесено одлука за поставување на тие знаци. Нема ниту правна основа за нивно поставување, ниту пак за санкционирање при непочитување, вели Деребан за МИА.

„Граѓаните да не покажуваат голотија на јавни места“- Општина Струга забрани шетање низ центарот со костими за капење

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот