Заборавете на доларот, купувајте злато: Цената на скапоцениот метал ќе руши рекорди до крајот на годината

Фото:. EPA-EFE/FRANK RUMPENHORST

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, Голдман Сакс, пишува Блумберг.

Аналитичарите на Голдман Сакс велат дека стравувањата од инфлација во земјата нагло се зголемија. Дебатата се смени за време на очекуваната одлука на Конгресот за нова рунда фискални стимулации за зајакнување на економијата, пренесува Себиз.

Во тековната година, Федералните резерви (ФЕД) веќе го зголемија своето салдо на 2,8 трилиони долари. Голдман Сакс зборуваше отворено за последиците од ваквите стимулации. Аналитичарите препознаваат и презентираат поширока слика што ја рефлектира инфлацијата.

Банката објави дека цената на златото ќе се искачи на 2.300 долари за унца оваа година, што е значително повеќе од претходно објавениот рекорд – две илјади долари. Во моментов, главното средство за зачувување на имотот веќе порасна на 1.950 американски долари. Паѓањето на реалните каматни стапки во САД може да ја крене цената на златото на рекордно ниво, велат банкарите.

На крајот на јули, доларот падна на двегодишен минимум во однос на еврото. Трендот се засили кога Европската унија објави план за закрепнување на економијата во вредност од 750 милијарди евра.

Во јуни, поранешниот претседател на инвестициската банка Морган Стенли и професорот од универзитетот „Јеил“ Стивен Роуч предвидоа дека доларот ќе изгуби третина од својата вредност во 2021-2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот