Заболен од ебола избегал од центарот за лекување: Потера по пациент од Конго

СЗО денеска потврди за седум нови случаи на заболени од ебола во Конго.

Новото жариште на ебола се појави на 10. април во градот Бени, два дена пред Демократска Република Конго да прогласи крај на втората најголема епидемија предизвикана од ебола.

Пациент заболен од ебола побегнал од центарот за лечење на истокот од Конго и во моментов се крие на подрачје кое е под контрола на локални милиции, соопштија денеска властите во земјата но и СЗО.

Во земјата од август 2008 година до сега од ебола починаа 2.200 лица, пренесува Ројтерс.

Таксист кој управувал со мотоцикл (28), кој бил позитивен на ебола, избегал на 17. април од центрот за лечење во градот Бени.

Здравствените работници не можеле да го пронајдат, но локалните власти наведуваат дека тој живее на подрачје кое е под контрола на локални милиции.

СЗО денеска потврди за седум нови случаи на заболени од ебола во Конго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот