За време на масакрот во Тексас спасувал деца: Воен ветеран сведочи за крвавиот пир во САД (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Глендон Оукли е американски воен ветеран, кој за време на масакрот во Тексас спасил деца без родители, кои ги здогледал пред една игротека и ги оддалечил од местото на настанот, пренесуваат американските медиуми.

Војникот кој сега за многимина е херој изјавил дека бил во продавница за спортска опрема кога влетало момче и кажало дека има напаѓач во трговскиот центар.

– Продавачот и јас мислевме дека се шегува, но брзо потоа го слушнавме пукањето. Тргнавме кон излезот, кога забележав група уплашени деца. Ги одведов со себе надвор – изјавил тој.

Оукли го извадил и пиштолот за кој имал дозвола, со цел да се заштити. Поради тоа, за малку ќе настрадал.

– На паркингот ме запреа полицајци, кои мислеа дека јас сум напаѓач. Им ја покажав дозволата и ми рекоа дека е во ред. Не размислував за својот живот, сешто можеше да се случи – изјавил Оукли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот