Специјални едници, погранична полиција и војска, како и припадници на ФБИ се на местото на масакрот.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави на Твитер: „Во Ел Пасо, Одделот за јавна безбедност во Тексас им помага на локалните полициски и федералните власти да ја завршат оваа трагедија на најбрз и најбезбеден можен начин.