За Стара Нова година опозицијата во Србија организира масовен протест за поништување на изборните резултати
Oпозицијата во Србија на 13 јануари планира нов протест за поништување на изборните резултати, но се уште нема конечен договор или покана до граѓаните, бидејќи се чека одлуката на организаторите на ПроГлас.
Препорачано
Имено, идејата е тоа да не биде само протест на опозицијата собрана на листата „Србија против насилството“, туку на сите оние граѓани кои сметаат дека поради бројните нерегуларности треба да се повторат изборите во Србија.
Претставниците на листата „Србија против насилството“ во пресрет на Новата година соопштија дека протестите кражбата на изборните резултати ќе продолжат и по празниците.
Во меѓувреме во регионалните медиуми се појавија информации дека на 13 јануари може да се очекува нов протест.
„Протестот е планиран да се одржи на 13 јануари околу пладне, но се уште ништо не е сигурно. Во овој момент го чекаме одговорот на организаторите на протестот дали ќе учествуваат. Идејата е тоа да не биде само протест на опозицијата, туку и на сите кои се незадоволни од начинот на кој беа организирани изборите во Србија. Сите што не сакаат да им се украдат гласовите“, велат од опозицијата.


