Синиша Ивановски / Фото: принтскрин

За шест месеци, од Зелениково до Центар ќе се патува за 25 минути со градскиот воз, најави Ивановски

Ивановски пресмета дека од Зелениково, во должина од 25 километри, со сите застанувања на седум попатни станици, до центарот на Скопје ќе се стигнува за 25 минути, а од Драчево за 11 минути. Мора да се направи и синхронизација со градските автобуси, кои потоа патниците би ги прифаќале и би ги развозувале до други дестинации низ градот.

Од Зелениково до железничката станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот ќе поминува низ Јане Сандански, Драчево, Лисиче и ќе завршува кај Транспортниот центар и ќе има седум станици. Директорот на Железници транспорт Синиша Ивановски рече дека веќе направиле тестирање за брзината на возот.

Ивановски пресмета дека од Зелениково, во должина од 25 километри, со сите застанувања на седум попатни станици, до центарот на Скопје ќе се стигнува за 25 минути, а од Драчево за 11 минути. Рече дека мора да се направи и синхронизација со градските автобуси, кои потоа патниците би ги прифаќале и би ги развозувале до други дестинации низ градот.

„Од најоддалечената станица на градскиот воз во Зелениково приближно за 25 минути, со вкалкулирани застанувања на постојки, треба да се стигне до Скопје, а од Драчево тестирањата покажаа дека ќе требат од 11 до 13 минути за да се стигне до главната железничка станица во Скопје. Првата фаза на градскиот воз, која во моментот се работи, од Зелениково до централната станица во Скопје во должина од 24,5 километри ќе биде готова за најмногу шест месеци од денеска“, рече Ивановски.

Најави и дека следната година ќе се обновува железничката врска од Волково до Железничката станица, а потоа и онаа до Илинден и Миладиновци. Тој го истакна и значењето на уште една пруга, онаа од Драчево до Иленден, која пак е важна за товарниот железнички превоз.

Појасни дека двете се електрифицирани и дека дизел локомотиви нема да влегуваат во Скопје. Договорот за помалата делница е околу 3 милиони евра, а 5,7 милиони евра чини делницата од Зелениково до Железничка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот