За палењето на српското знаме во Тирана осомничените ќе одговараат за „поттикнување омраза и понижување “

Фото: Принтскрин

Албанската полиција приведе осум лица за палење на српското знаме на синоќешниот протест  против „Отворен Балкан” организиран од поранешниот премиер Сали Бериша. 

На двајца од нив им е одреденена мерка притвор додека петмината други, малолетници, ќе се бранат од слобода. 

-Структурите на државната полиција, по прибраните докази, приведоа 8 лица,  инволвирани во незаконски активности на протестот на булеварот „Народни херои” во Тирана. На крајот од дејствијата од страна на истражните структури на полицијата, лишени од слобода се Астрит Цара(41), жител во Тирана и Бесник Балани(56), жител на Круја. Исто така од  слобода ќе се бранат 6 малолетни лица, на возраст од 15 и 16 години, жители на Тирана и Драч, стои во полициското соопштение.  

Момче паднало додека се обидувало да го скине српското знаме во Тирана/ Фото Screenshot Tik Tok Edi Rama

 

Според полицијата синоќа запалени се четири српски знамиња, поставен на јарболи по булеварот, заедно со албански и македонски знамиња. 

Процесните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд во Тирана, за понатамошни дејствија, за сторени кривични дела „Поттикнување омраза” и „Понижување на Републиката и нејзините симболи”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот