За него допрва ќе се слушне: Даниел Крстески има нова песна – „Сто една“ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Факт е дека на македонската естрада недостигаат нови имиња кои ќе ја освежат и ќе допринесат за создавање на музика со квалитетен звук. Еден таков пример е младиот пејач Даниел Крстески, кого досега македонската публика немала многу прилика да го слушне и види.

Но, Даниел е еден од тие нови изведувачи кои планираат сериозно да се посветат на творење и продуцирање македонска музика во иднина.

Фото: Принтскрин

По тој повод тој денес ја промовира неговата нова песна која носи наслов „Сто една“, песна за која сме убедени дека ќе и се допадне на публиката. Станува збор за нумера со позитивен ритам и одличен текст, зад кои како автор се потпишува токму Даниел.

За потребите на песната е снимен и видеоспот, каде покрај младиот пејач може да се видат уште неколку атрактивни девојки кои со сигурност ќе го задржат вашето внимание.

– Оваа песна е мое прво дело каде се потпишувам како автор и на аранжманот покрај Борјан Кралески. Се надевам дека ќе помине овиј стил кај публиката бидејќи е поразличен од досегашните мои проекти. На спотот работевме во „LinaraProduction“ и дечките завршија одлична работа. Инаку веќе работиме на две нови песни кои треба да бидат објавени до крајот на оваа година – вели Крстески.

Како што кажа Даниел, тука не застанува. За многу брзо време ќе ја слушнеме и новата песна, а до тогаш уживајте со „Сто една“.

Погледнете го спотот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот