Фото: Општина Илинден

За младите претприемачи во Илинден по 6000 денари еднократна помош

Општина Илинден ќе ги поддржи младите претприемачи кои работат на нејзина територија со еднократна парична помош од по 6000 денари.  За таа цел Општината објави Јавен повик согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани.

Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување, а износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за младите претприемачи е во висина од 6.000 денари. Исплатата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена. На Јавниот повик право на учество може да оствари секое полнолетно лице со навршени најмногу 34 години кое ќе регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар за трговски друштва и други правни лица во календарската 2024 година со седиште на територија на општина Илинден – инфпрмираат од Илинден

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот