За која репрезентација ќе игра Фати?
Младата фудбалска сензација постигна два гола во првите четири кола во Ла Лига, а со одличните игри за Барселона го привлече вниманието не само на шпанската туку и на португалската јавност.
Препорачано
Фати пред неколку денови доби шпанско државјанство и се очекува во првата репрезентативна акција да го облече дресот на „црвената фурија“, но, неговиот татко Бори Фати лобира за Португалците. Фати е роден во Гвинеа Бисао, поранешна португалска колонија која својата независност ја стекна во 1973 година.
– Отсекогаш сум сонувал дека мојот син ќе игра за Португалија, а мислам дека и тој размислувал за таа опција. Но, сега работите се компликувани, веќе одржавме неколку состаноци со со генералниот секретар на фудбалската федерација на Португалија, но оттогаш Шпанците ни вршат притисок Ансу да заигра за нив. Тој се чувствува како Португалец и би било убаво да заигра за нивната репрезентација. Но, одлуката за кого ќе игра ќе ја донесе Ансу – вели Бори Фати.
Ансу Фати во Барселона пристигна во 2012 година, а од сезонава е дел од првиот тим на каталонците, додека шпанскиот пасош го доби пред два дена со што стекна право да настапува за „црвената фурија“.


