За кого бијат камбаните

Фото: politikon.rs

Сега е момент, кога нема мнозинство во собранието во Црна Гора, оската Вучиќ – Ѓукановиќ повторно да се обиде да се зацврсти, и на тоа работат и едни и други.

Колумната на Млаѓан Ѓорѓевиќ е објавена во Вијести.ме

Мило Ѓукановиќ со години внимателно ги бираше политичките и деловните партнери, својата опозиција т.н. слободни интелектуалци и новинари, посебно во Србија, за денеска откако и покрај нерамноправната изборна трка е поразен, не мора ништо за зборува. Наместо него тоа го прават оние во кои со години вложуваше за денот кој дојде. Така од 30. август, од ноќта кога стана јасно дека е завршена триесетгодишното автократско владеење во Црна Гора, низ регионот одекнува плачот на Миловите синекуристи и не е јасно дали режимот на Ѓукановиќ е поразен во Белград, Сараево или Тирана.

Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Еден ден, кога новинарите истражувачи ќе го кажат својот последен збор за неговото владеење, ќе биде јасно дека со падот на Ѓукановиќ почна да се руши регионалниот криминален октопод и дека тука никој всушност не плачел за Мило. Од каде толкава галама и бес на три три чесни луѓе кои седнаа и за час се договорија да го организираат животот во нормална држава, што Црна Гора во овој момент сигурно не е. По благослов за таков договор очигледно никаде не одеа, зошто да одеа, немаше таблоидната машинерија на Вучиќ веќе два дена да прави се договорот да се сруши, а потписниците (посебно еден) да го стават на столбот на срамот.

Угледниот професор, човекот кој го урна неприкосновениот Ѓукановиќ, човек без хипотека, преку ноќ стана премиер на Амфилохие кој нема да го отпризнае Косово. Здравко Кривокапиќ, со чија заслуга е скршен режимот на Ѓукановиќ, ни крив ни должен стана легитимна мета на таблоидите на Вучиќ. Се покажа дека Александар Вучиќ не може, дури и да сака, така лесно да се откаже од својот партнер во Подгорица, на кој овој пат не му помогна како во 2016 година, со лаги за државен удар, но не му ни одмогна, како што Ѓукановиќ во договорената игра се преправаше пред ТВ гледачите. Сега е момент, кога нема мнозинство во собранието во Црна Гора, оската Вучиќ – Ѓукановиќ повторно да се обиде да се зацврсти, и на тоа работат и едни и други.

Меѓутоа промените кои сосема сигурно тргнуваат од Подгорица, го исплашија Александар Вучиќ, посебно што тие дојдоа на крилата на христијанскиот бунт кој го предводеше црногорскиот митрополит, и посебно што сфати дека во нерамноправниот натпревар фаворитот може да изгуби. Знае Вучиќ дека кај Србите каде и да живеат денес Амфилохије Радовиќ е симбол на отпорот и дека неговите моќи да работи на имиџот на митрополитот на негов својствен начин се минимални. Забележително е дека за време на траењето на литиите таблоидната фабрика на Вучиќ не произведуваше лаги за Амфилохие и веќе тогаш беше очигледно дека истражувањето на јавното мислење Вучиќ го предупреди дека од судирот со Амфилохие може да излезе поразен.

Здравко Кривокапиќ, универзитетски професор, благодарени на кој т.н. просрпска листа освои над 32 % , победата ќе мора да ја брани пред се во својата коалција, од Мандиќ и Кнежевиќ кои се под контрола на Вучиќ, потоа во коалицијата за формирање на идната влада, а потоа и пред официјален Белград, кој е докажан партнер на Ѓукановиќ. Ако успее да се одбрани пред сите и од сите, професорот Кривокапиќ со тоа ќе однесе позначајна победа од онаа на 30 август, кога го фрли ДПС на колена, и директно влезе во историските читанки на Црна Гора.
Александар Вучиќ, извесно е, ќе направи се ова да не се случи!

Авторот е претседател на движењето „Ослободување„ и беше советник на поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот