Вучиќ за родителите најави стимулација од 5000 евра за секое родено дете

Александар Вучиќ /Фото: ЕПА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави промена на законот за бремени жени и значително зголемување на стимулациите за новороденчињата. Судејќи според најавите од денешните еднократни 100.000 динари, односно околу 900 евра за раѓање на првото дете, мајки и татковци во Србија може да очекуваат придобивки до 5.000 евра за раѓање на дете.

Вучиќ најави дека Србија ќе биде „најсилната земја во Европа според стапките на стимулација на раѓање“.

– Ќе одиме со измени во законот и ќе им олесниме многу работи на бремените жени и мајки, а исто така ќе одиме со големо и значително зголемување на износот за раѓање деца – за прво, второ, трето, четврто дете – рече Вучиќ како гостин на ТВ Пинк.

Патем, сегашните придобивки за родителите или како што народот го знае „родителскиот додаток“ за првото дете, изнесуваат 100.000 динари и се плаќаат еднаш. Гледајќи во најавата за зголемувањето, еднократната исплата би се зголемила за повеќе од 4.000 евра.

Значи, судејќи според најавата на претседателот на Србија, дека секое новородено дете ќе добие до 5.000 евра, „прво, второ, трето и четврто“, тоа може да значи дека родителите сè уште нема да добиваат стимулации од државата за петто дете . Актуелниот закон за финансиска поддршка на семејствата не ја предвидува ниту таа мерка.

Најавените мерки ќе донесат голем поттик и за второроденото дете. Досега, родителите добиле 240.000 динари за второ дете, односно околу 2.000 евра на рати, а според најавите на Вучиќ, според новата одлука, помошта би била многу поголема.

Патем, наталитетот во Србија е намален. Самиот претседател предупредуваше во претходниот период дека ова е горчливо прашање. Само во мај годинава, починале 10.525 лица и се родиле 4.762, покажуваат податоците на Републичкото биро за статистика. Минатата година, во 2020 година, во Србија умреле повеќе луѓе отколку што биле родени, односно починале 116.850 лица, а се родиле 61 692 лица. Дојдовме до бројката дека починале 55.158 луѓе и дека изгубивме цел град со големина на Ужице или Врање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот