Вучиќ за приемот на Косово во Советот на Европа: „Срам да ти е Дора Бакојани“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната прес-конференција ги искажа своите ставови ставови за односите со Приштина и прашањето за членство во Советот на Европа. Вучиќ посочи дека Западот ги пропишал клучните обврски за Приштина, нагласувајќи дека претставниците на Западот јасно укажале дека формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) е првата суштинска приоритетна обврска за Приштина. Истакнувајќи дека Србија нема никаква обврска по ова прашање, претседателот посочи дека е клучно Приштина да се придржува до договорот.

„Ја казнија Приштина со тоа што сакаа да ги пуштат во Советот на Европа. Да не заборавиме да зборуваме за клучната работа, која Западот ја препиша. Ни кажаа од првиот разговор, имам белешки и тие се многу прецизни, кога разговаравме со Ескобар, Лајчак, Плетнер и Боно, четири пати рекоа дека во т.н. секвенционирање, првата суштинска приоритетна обврска на Приштина е формирањето на ЗСО. Во неколку наврати во лице велеа дека Србија нема обврска, но Приштина мора да го формира ЗСО“, рече Вучиќ.

Реакција на премислувањето на известувачката на Совет на Европа за Косово Дора Бакојани

Една од точките што ги истакна Александар Вучиќ во своето обраќање е промената на мислењето на Дора Бакојани, која три дена пред гласањето го смени мислењето за клучните прашања за Србија. Вучиќ изрази разочарување што Бакојани одеднаш се покаја за нејзината претходна силна поддршка за Србија, нарекувајќи го тоа, како што пренесуваат српските медиуми – „срам“. Оваа промена на мислењето јасно ја покажа променливоста на ставовите и интересите во политичките кругови.

„Тие пишуваа овде за да ги заштитат интересите на Србија. Срамота… И тогаш се сети дека ЗСО, експропријацијата не е важна… Надлежните институции одбија да ја спроведат судската одлука, онаа за експропријација. И тогаш Курти нареди да се спроведе одлуката на катастарот. Чист доказ дека правата на Србите и СПЦ зависат од волјата на Курти и неговите претпоставени“, рече Вучиќ, пренесуват српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот