Вучиќ се сретна со кинескиот амбасадор, вели дека разговарале за американските санкции кон НИС

Фото: Инстаграм

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва, на истиот ден кога американските власти официјално воведоа санкции за државната компанија Нафтена индустрија на Србија (НИС), објави на „Инстаграм“ дека се сретнал со кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг, со кого разговарал токму за американските санкции кон НИС.

Средбата се одржала на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, пред вечерашниот прв лет на авиокомпанијата „Ер Србија“ на директната линија Белград-Шангај.

„Одличен разговор со кинескиот амбасадор Ли Минг. Го информирав и за новововедените санкции против НИС. „Разговаравме за сите наши заеднички успешни проекти, а особено сме горди на новата линија Белград-Шангај, која стартува вечерва“, напиша Вучиќ во објавата.

Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (ОФАК) денеска објави ажурирана листа на санкционирани лица и компании, во која се споменува и српската НИС. Санкциите се воведени според Извршниот налог 14024, кој се однесува на „блокирање на средства во однос на одредени штетни странски активности на Владата на Руската Федерација“, а причината е сопствеништвото на руската државна компанија „Гаспромнефт“ на 50 отсто од акциите на НИС.

Вучиќ претходно денеска изјави дека санкциите се „дел од сеопфатен напад врз руските компании“ и дека Србија „на никаков начин не придонела за воведувањето на вакви санкции“.

Официјално: САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот