Фото: Александар Вучиќ, претседател на Србија / EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вучиќ се спомнува во пораки што откриваат голема корупциска шема — српското МВР не му ги дава сите материјали на Обвинителството

Српската власт врши силен притисок врз Обвинителството за организиран криминал, а една од причините за овој прогон е и новиот пакет комуникации преку апликацијата „Скај“, кој преку Европол бил доставен до српското Министерство за внатрешни работи (МУП). Станува збор за материјал што укажува на сомнежи за висока корупција.

Притисокот на српската власт врз Обвинителството за организиран криминал (ТОК) го достигнува својот максимум, а покрај медиумско-пропагандниот прогон, се подготвува и „институционален“ напад – со намера, преку измени на законите, да се укине самостојноста на ова обвинителство и да се стави под надлежност на Вишото јавно обвинителство во Белград, објави „Радар“ според сознанија добиени од извори запознаени со приликите.

Според изворите, една од причините за овој прогон е и новиот пакет комуникации преку апликацијата „Скај“, кој преку Европол бил доставен до српското Министерство за внатрешни работи (МУП). Станува збор за материјал што укажува на сомнежи за висока корупција во која се вмешани претставници на српските институции.

Особено проблематично за власта е што, според истите извори, во таа комуникација се спомнуваат браќата Александар и Андреј Вучиќ. Индикативно е и тоа што, се вели во текстот, МУП сè уште го нема предадено целиот пакет комуникации на ТОК.

Зошто власта сака бргу да се пресмета со Обвинителството?

Дел од причините за брза реакција на власта се и новите случаи што Обвинителството за организиран криминал ги отвори: корупција при реконструкцијата на натстрешницата на автобуската станица во Нови Сад под која загинаа 16 луѓе, корупција при изградбата на пругата Нови Сад – државна граница, случајот „Генералштаб“ за фалсификувани документи каде што владата со донесување lex specialis (Правна доктрина што наведува поспецифичен закон ќе го замени поопштиот кога тие се во конфликт),   всушност ги потврди аргументите на Обвинителството. Да било сè законски, наведува „Радар“, посебен закон не би бил потребен.

ЈО за организиран криминал на Србија: Да запре притисокот на Вучиќ врз нас

Особено чувствителни за власта се и двете нови обвиненија против наркобосот Дарко Шариќ, вели српскиот неделник, според кои тој продолжил да ја води криминалната група од српски затвор преку апликацијата „Скај“. Докази за овие комуникации пристигнуваат не само во Србија, туку и во други држави каде што се водат паралелни постапки.

Српските медиуми пред неколку дена објавија преписка меѓу Дарко Шариќ и уапсениот црногорски полициски службеник Петар Лазовиќ од 2020 година, кога Шариќ првично беше осуден на 15 години за шверц на 5,7 тони кокаин (подоцна укинато). Во пораката, Шариќ тврди дека постоел договор што не бил испочитуван, нешто што со години е предмет на сомнеж кај истражителите.

Мафијаши, разузнавачи и судии во тандем

Во веќе познати комуникации на „Скај“ на браќата Шариќ се спомнува и лик со прекар „Оскар“. Александар Вучиќ изјави дека „можеби тој е Оскар“. Полицијата идентификувала дека „Едо“ е поранешниот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, а „Маркус“, високиот функционер во Безбедносно-информативнатa агенција на Србија (БИА), Марко Парезановиќ.

Во истите разговори се гледа како Парезановиќ, со претседателот на Апелациониот суд, Душко Миленковиќ, и со Душко Шариќ разговарале за отстранување на судијата Милимир Лукиќ од предметот, а разговорот се одвивал во седиштето на БИА.

Лукиќ навистина бил тргнат откако Врховниот суд ја укина пресудата за шверцот на кокаин во април 2021 година, а кон крајот на 2024 година е и формално разрешен од функциите.

Судијата Лукиќ изјавува за „Радар“ дека системот изгледа „како раштиман оркестар“, и дека разговорите на „Скај“ претставуваат сериозен повод за истраги.

Министерството не му ги дава сите материјали на Обвинителството

Судијата Дејан Терзиќ, кому не му беше продолжен мандатот поради негови одлуки во предметите на Шариќ, сведочи дека притисоците врз судството и врз обвинителството се поголеми од кога било досега. Тој сугерира дека дел од комуникациите, што биле добиени од странство, не се предадени во целост – што отвора сомнеж дека МУП селективно ги проследува доказите.

Помеѓу 2020 и 2022 година, серија одлуки му оделе во прилог на Шариќ: врховниот суд ја укинува правосилната пресуда за шверц на кокаин, Апелација го пушта во домашен притвор – во вила на Дедиње, се укинува и пресудата за перење пари, тој слободно поседувал телефони во најстрогиот затвор.

Дури кога била доставена новата комуникација на „Скај“, ТОК побарал апсење. Полицијата на почеток одбивала да го уапси, па акцијата се извршила со часови задоцнување.

Навреди кон Вучиќ

Пораки, кои претходно биле објавени, покажуваат дека П. Лазовиќ и Шариќ жестоко ги навредуваат Вучиќ и неговите соработници. Иронично, по тие навреди – Шариќ навистина добил укинување пресуди, отстранување судии и домашен притвор.

Не е единствен случај, наведува „Радар“, полицијата да задржува скај-комуникација за висока корупција во која се споменуваат браќата Вучиќ – тоа е познато и од откритијата на медиумот КРИК, спомнува „Радар“, кој објави пораки на Милош Пандрац, близок соработник на Шариќ, што укажуваат на постоење врски меѓу картелот и моќници од врвот на СНС.

Овие пораки, иако се познати на полицијата, не се дел од ниедна истрага.

Станува збор, исто така, за пораки од 2020 година, од кои се гледа дека Пандрац одржувал блиски односи со бизнисменот Драгољуб Зблијиќ, чии фирми со години добиваат профитабилни државни работи.

Двајцата, според пораките, договарале бизниси и коментирале политички односи внатре во СНС, а се гледа и дека поддршка на страната на Зблијиќ давале Андреј Вучиќ и тогашниот градоначалник на Нови Сад, Милош Вучевиќ.

Вучиќ ги обвини „Европејците“ за апсењето на поранешни функционери осомничени за корупција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот